Известување

СООПШТЕНИЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ


ПОЧИТУВАНИ КОРИСНИЦИ,

На 16.02.2020 и покрај бројните укажувања, во Собранието на РСМ беа донесени измени на Законот за ААВМУ со кои се воведени следните обврски за Операторите ( Инел, Телеком, А1 и другите):

  • За регистрација на било кој програмски сервис одговорното лице на радиодифузерот ( нпр Discovery-неговиот извршен директор) треба во Македонија да дава посебна изјава кај Нотар дека ќе ги почитува авторските и сродните права, нешто што веќе го има во договорот. Правно е невозможно таква обврска да му се наметнува на странски државјани. Уште повеќе е неспроведливо од аспект што тоа треба да го прави посебно за секој оператор во државата. Поради ова пререгистрацијата на постоечките сервиси и регистрација на нови е невозможна
  • Операторите ( Инел, Телеком , А1 и другите) при регистрација на секој канал, кај Нотар треба да дадат изјава со која тие гарантираат дека радиодифузерот ги решил сите авторски права !!!. Тоа значи дека во случај радиодифузерот ( нпр Discovery) да направи некој прекршок, материјално и кривично во негово име ќе одговара и ОПЕРАТОРОТ ( Инел, Телеком, А1 и другите). Да одговараш за нешто за кое немаш контрола и влијание и во име на друг евентуален сторител е нешто апсурдно и неприфатливо.
  • За решавање на оваа правна пречка до Уставниот Суд на РСМ е поднесено и барање за донесување времена мерка и укинување на овие одредби.

    Заради наведеното СИТЕ ОПЕРАТОРИ во Државата
    О Д Л У Ч И Ј А
    на 02. Март.2020 - Понеделник во 23.59
    ДА ГИ ИСКЛУЧАТ сите домашни и странски ТВ сервиси
    освен програмите на Јавниот сервис ( МТВ1, МТВ2 и Собранијскиот канал)

    • * Исклучувањето ќе трае се до решавање на спорот.
    • * Согласно договорите, корисниците ќе бидат пропорционално обесштетени за неиспорачување на ТВ сервисот.
    • * Останатите сервиси ќе функиционираат непречено.
    • * За ова се известени сите иматели на ТВ права, релевантни институции во Државата, странските амбасади, мисијата на ОБСЕ-ОДИХР и Европската комисија и нивната Амбасада во РСМ

Искрено жалиме за крајно непопуларната но изнудена постапка
Веруваме дека ќе имате разбирање и трпение.



Кавадарци 28.02.2020г.

Инел Интернационал ДООЕЛ